Абрамович сака да заштеди 10 милиони евра на Матиќ

Англиските медиуми се убедени дека српскиот интернационалец од редовите на португалскиот гигант Бенфика, Немања Матиќ, веднаш на стартот од зимскиот преоден рок ќе биде преставен како најнова милионска аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

И покрај големиот интерес, кој го демострираше сопственикот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис, англиските медиуми се убедени дека одличниот играч за врска ќе ја прифати понудата на лондонските „сини” и покрај фактот дека нема да може да настапи во следната елиминациска фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Веќе најавениот трансфер ќе биде комплатиран доколку двата клуба најдат заеднички јазик околу побараното обештетување од 40 милиони евра кое во овој момент е неприфатливо за сопственикот на Чезли, Рома Абрамович, кој пак е подготвен да одвои околу 30 милиони евра за репрезентативецот на Србија.