Со кое право на некои јазици многу по слични на нашиот со бугарскиот никоја земја не им го оспорува да се именуваат понинаку, а нам да ни се скратува крваво спечаленото вакво право, изјави Елка Јачева-Улчар на денешниот протест насловен „Ултиматум НЕ, благодарам!“.
„Понудата од бугарска страна е да се обезимени нашиот јазик кој како Македонски егизстира и во научната и во светската јавност без малку еден век. Македонскиот јазик Македонци не е ничиј дијалект. Тој како секој стандарден национален јазик ги има развиено сите потребни функционални стилови што ги има секој стандарден јазик во светот“, кажа Јачева Улчар.
Истакна со кое право и според кои европски стандарди Македонците треба да се откажат од својот јазик, историја и така обезличени да го „спечалат влезот“ во Европската унија.
„Неприфатлива треба да биде и за оние кои сакаат да го потпишат овој предлог и да го стават во заложништво својот народ и својот основен идентитетски осовен столб македонскиот јазик“, рече Јачева Улчар.
Додаде дека токму затоа оваа понуда од страна на ЕУ, за неае како Македонка е неприфатлива.
„Затоа од овде сакам да порачам, не правете го тоа и послушајте си го својот народ и оболете го својот двор. Во спротивно во историјата со име и презиме ќе бидете запаметени како предавници на вековните идеали и борба на своите предци“, заклучи Јачева Улчар.