Обвинителот Ацо Колевски во петокот даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери, со што стана член на Советот на јавните обвинители и притоа вети оти ќе работи за јакнење на независноста на телото.
Во изјавата за новинарите Колевски реле оти смета дека со своето долгогодишно искуство може да придонесе во работата на Советот, особено за зајакнување на самостојноста на јавните обвинители во Република Македонија.
Колевски беше избран од редот на јавните обвинители, а во Советот за јавни обвинители доаѓа на местото на Љубомир Јовески, кој беше избран за државен јавен обвините