Станува збор за краток прекин од 15 минути во работата на хидроцентралата поради осигурувач на вод кон гостиварските села, велат од ЕСМ.
„Хидроелектраната и целиот Хидросистем Маврово продолжуваат да работат најнормално. Вакви и слични појави во работата на инсталациите се случуваат многу често и не се никаква непознаница“, се вели во демантот.
ЕСМ ги оценува како тенденциозни написите за експлозија во ХЕЦ Вруток објавени во медиумите, без претходно да се провери информацијата, повикувајќи се на неименувани извори.
„Објавувањето на непроверени и лажни информации го доживуваме како атак врз компанијата кој не е полза ниту на АД ЕСМ, ниту на јавноста“, стои во соопштението.
Претходно медиумите објавија дека имало експлоција во хидроелектраната.