АД ЕСМ со професионалност и одговорна работа ја надмина енергетската криза

Во РЕК Битола денеска, гералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стафанов заедно со Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши, раководителите на енергетските капацитети, вработените и сите членови на економско енергетски совет го означија крајот на грејната сезона за оваа година.  Ковачевски им додели благодарници на вработените кои неуморно работеа во услови на најголемата светска енергетска криза, која светот ја памети по Втората светска војна.
Стефанов истакна дека АД ЕСМ и во иднина ќе работи со иста посветеност, ентузијазам и професионалност како и до сега.
„Сакам да им честитам и да им се заблагодарам на сите вработени во АД ЕСМ и на менаџментот на компанијата за тоа што професионално, максимално и со сиот свој потенцијал се вложивте при справувањето со енергетската криза. Благодарение на вашата посветеност и стручност, вашиот квалитет, голем ентузијазам и дополнително вложениот труд успеавте да се справите со исклучително тешките предизвици со коишто се соочивте. Притоа, успеавте да го зголемите производството, а истовремено да ги намалите трошоците, што пак, придонесе АД ЕСМ да оствари позитивни финансиски резултати.
Докажавте дека ЕСМ има капацитет да ја менаџира најголемата енергетска криза досега, секако со силна заложба и поддршка од Владата и од економските министри.
Верувам дека за да ги постигнеме поставените цели на нашата компанија и во иднина ќе продолжиме со иста посветеност, ентузијазам и професионалност како и досега”, рече Стефановски.
Ковачевски истакна дека во услови на светска криза го зголемивме домашно производство и ЕСМ наместо законски предвидените 60% производство на електрична енергија, во целост, односно 100% обезбеди струја за домаќинствата и за малите потрошувачи.
„Сега кога завршува грејната сезона, можам само да бидам горд на резултатите кои ги постигнавме и на заедничкиот успех: Кризата ја претворивме во можност. Помошта од нашите сојузници и стратешки партнери, како и на Европската Унија со 80 милиони евра, беше многу значајна за да успееме да ги реализираме нашите напори да нема ценовен шок за граѓаните и сметките за струја да останат исти. Да сублимирам, во текот на целата грејна сезона струја и парно имаше, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот”, рече Ковачевски.