АД МЕПСО: Неодговорното трошење на пари заврши

-Новиот менаџерски тим на АД  МЕПСО ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на сите евентуални неправилности во работењето на претходното раководство. Што се однесува до начинот на кој се донирале средства од буџетот на АД МЕПСО, затекнавме ситуација дека истите се распределувале без соодветни критериуми, соопштија од државната компанија.

-Па така, претходното раководство на компанијата во последните месеци од функцијата  “успеало” финансиската програма за оваа година за оваа намена да ја  пречекори  за околу  10 милиони денари. Ова е една од повеќето причини зошто побаравме сеопфатна  ревизија. Јавноста има право да знае како се трошеле средствата од сите буџетски програми, но апелираме на трпение додека надлежните институции постапуваат. 

Уверуваме дека новиот менаџмент ќе практикува транспарентност и отчетност во сите сегменти на работењето на АД МЕПСО, информираат од таму.