Годинешното 59. доделување на „Греми“ музичките награди донесе целосен триумф за британската пејачка Адел.
Дивата ја победи својата најголема конкурентка Бијонсе во сите три најпрестижни категогори во кои беа номинирани – оние за албум на годината („25″), за видео на годината и песна на годината („Hello”).
Единствено не можеше да биде номинирана за четвртата од главните награди – онаа за најдобар нов изведувач, којашто отиде кај Ченс д Рапер.
Покрај нив, британската ѕвезда зеде уште две „Грами” награди – за најдобар поп албум („25″) и за најдобра поп соло изведба („Hello”).
– Начинот нa којшто ги третирате моите пријатели, оние со потемна боја на кожата, е инспиративен, истакна Адел, говорејќи со суперлативи за својата пријателка, американската Ар енд Би икона Бијонсе.
Список на победниците во сите категории
– Албум на годината: „25″ (Адел)
– Видео на годината: „Hello” (Адел)
– Песна на годината: „Hello” (Адел)
– Најдобар нов изведувач: Ченс д Рапер
– Најдобар поп албум : Адел („25″)
– Најдобар рок албум: „Tell Me I’m Pretty” (Кејџ д Елефант)
– Најдобар албум во алтернативната музика: „Blackstar” (Дејвид Боуви)
– Најдобар рап албум: „Colouring Book” (Ченс д Рапер)
– Најдобар албум во денс и електронска музика: „Skin” (Флум)
– Најдобар албум урбан современ албум: „Lemonade” (Бијонсе)
– Најдобра рап песна: „Hotline Bling” (Дрејк)
– Најдобра рок песна: „Blackstar” (Дејвид Боуви)
– Најдобар кантри албум: „A Sailor’s Guide to Earth” (Старџил Импсон)
– Најдобар Ритам-енд-Блуз албум: „Lalah Hathaway Live” (Лала Хатавеј)
– Најдобар поп дует или групна изведба: „Stressed out” („Твенти уан пајлотс”)
– Најдобра поп соло изведба: „Hello” (Адел)
– Најдобар музичко видео запис: „Formation” (Бијонсе)