Поранешниот државен секретар во Министерство за информатичко општество и администрација Адем Авзиу е избран за генерален директор на ЕЛЕМ ТУРС Скопје, информираа од ЕСМ.
Авзиу е дипломиран економист на Универзитетот во Југоисточна Европа, насока финансии и во моментот е на постдипломски студии на истиот Универзитет. Од декември 2019 година тој беше државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација. Претходно тој бил и директор на секторот за човечки ресурси во Фондот за здравствено осигурување и советник на директорот на Фондот за здравствено осигурување.
Работел и во Министерството за економија во Државниот инспекторат за технички преглед, а бил и советник за патни исправи во Министерството за внатрешни работи – Тетово.