Доколку не биде постигнат договор со ВМРО ДПМНЕ за консензуален претседател, Демократската Унија за интеграција ќе ја напушти Владата, вели министерот за животна средина, Абдулаќим Адеми во изјава за Алсат М.
“ДУИ смета оти ако не наидеме на разбирање околу нашиот предлог за консенсуален кандидат, сметаме дека политичките субјекти се’ уште не се спремни за ваков предлог, уште се незрели за соочување со новите предизвици. Ставот на ДУИ е дека ако нема позитивен одговор, сериозно ќе се разгледуваат сите опции, вклучително и предвремените избори“, рече Адеми, кој е и генерален секретар на ДУИ.
Адеми истакнува дека се уште се во очекување на одговор од поголемиот коалиционен партнер во Владата, но и дека немале разговори за евентуални предвремени избори.
Во јавноста веќе се појавија информации дека првиот круг од редовните претседателски избори ќе се одржи на 13-ти април, а вториот на 27-ми април.