Адеми: Не знам што ќе биде изненадувањето, само Ахмети знае

„Тоа е прашање кое му припаѓа на лидерот на партијата“, вака пратеникот и член на ДУИ, Арбер Адеми ја коментира веста што претседателот на партија, Али Ахмети треба да ја соопшти на 5-јуни, на роденденот на најголемата албанска партија.

Според него, тоа апсолутно ќе биде изненадување, кое само Ахмети знае што ќе содржи.

-Јас не знам, сигурен сум, додава Адеми, во гостувањето на ТВ Алсат.

Премиерот Зоран Заев пак денеска во изјава за медиумите посочи дека знае за што станува збор, о не сакаше да открие детали бидејќи тоа ќе треба да го каже лидерот на интегративците Ахмети.