Адетокумбо со достигнување како Чембрлен и Мелоун

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо стана третиот играч во историјата на НБА кој постигнал 50+ поени и 10+ скокови со прецизност 80+ проценти од поле.

Претходно само легендарниот Вилт Чембрлен (четири пати) и Карл Мелоун успеаја да го направат тоа.

Во натпреварот против Индијана одигран ноќеска на кој Бакс славеа со 128:119, Гркот постигна 50 поени со шут од поле 17 од 21 (81 отсто), имаше 14 скока и четири асистенции.

Воедно дваесет и едногодишниот Адетокумбо стана првиот играч на Милвоки и четвртиот најмлад кошаркар со вакво достигнување во НБА лигата.