Кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокунбо, е прогласен втора година со ред за најкорисниот играч во НБА лигата во сезоната 2019/2020, пренесе спортската мрежа ESPN во петокот.
Адетокунбо претходно беше прогласен и за најдобар одбранбен играч, иако Милвоки Бакс беа запрени во полуфиналето на Источната конференција во доигрувањето на лигата. Во оваа сезона имаше просек од 20,1 кош, 8,9 скокови и 4,3 асистанции по натпревар, а на паркетот вкупно минал 32,5 минути.
Со тоа Адетокунбо им се приклучи на ѕвездите Стеф Кари, Леброн Џејмс, Стив Неш, Тим Данкан, Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Лари Брд, Мозес Малоун, Карим Абдул-Џабар, Вилт Чембрлен и Бил Расек кои, истот така, двапати по ред ја освојуваа титулата МВП.
Покрај тоа, освен Адетокунбо само уште Мајкл Џордан во сезоната 1987/88 и Хаким Олаџувон во 1993/94 ка освојуваа ититилата и најкорсени играч и најдобар одбранбен играч во иста сезона.