Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира да ги повика сите Американци да добијат нови дополнителни дози од вакцините против коронавирусната болест ковид-19 оваа есен, со цел да се спротивстават на новиот бран на инфекцијата, изјавил во неделата претставник на Белата куќа.
Неименуваниот функционер рекол за Reuters дека локалните одделите на сојузниот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) известуваат за зголемување на бројот на заразите и приемите во болниците поради ширењето на коронавирусот, но додал дека вкупниот број на заразени е сè уште низок.
Во четвртокот, фармацевтската компанија „Moderna“ соопшти дека првичните податоци покажуваат дека нејзината нова вакцина против ковид-19 е ефикасна против подваријантите на вирусите наречени „Ерис“ и „Форнакс“ кај заразените лица. Компаниите „Moderna“, „Novavax“, „Pfizer“ со својот германскиот партнер „BioNTech SE“ тврдат дека создале верзии на нивните вакцини за ковид-19 насочени кон подваријантата XBB.1.5.
Во очекување на одобрение од здравствените регулатори во САД и ЕУ, компаниите очекуваат нови верзии на вакцината да бидат достапни во наредните седмици за есенската сезона на вакцинација.
„Ќе ги охрабриме сите Американци да добијат нови дози за заштита од коронавирусот покрај вакцините против грип и респираторен синцицијален вирус“, рекол претставникот на Белата куќа.