Администрацијата на Бајден поддржа продажба на „F-16“ на Турција

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во средата ја поддржа можната продажба на борбените авиони „F-16“, ден откако Анкара се откажа од ветото на кандидатурата на Шведска и Финска за членство во НАТО.

Селесто Валандер, функционерка на Пантагон, на новинарите изјави дека силните капацитети на турската војска дополнително ќе ги зајакне капацитети на НАТО. Според неа „САД ја поддржуваат модернизирањето турско воено воздухопловство, бидејќи тоа придонесе за безбедноста на НАТО и оттаму на американската безбедност“.

Турција одамна е под санкции на САД во проектот за производство и набавка на борбените авиони „Ф-35“ поради набавката на рускиот противвоздушни системи „С-400“, откако беше одбиена од сојузниците во НАТО и беше присилена да го напушти заедничкиот таков проект со Кина.

Ланскиот октомври Анкара изрази желба да купи 40 ловци „F-16“ на американскиот производител „Lockheed Martin“, но администрацијата на Бајден не ја коментираше можната продажба на авионите, оградувајќи се со изјавата дека секое продавање оружје мора да мине низ законска постапка. Но во март годинава Стејт департментот им пиша на пратениците во Конгресот кои се противат на таа продажба дека се „примерените трговски воени врски“ со Турција се во интерес на САД.

Изјавите на Воландер следеа откако во вторникот имаше долги разговори пред почетокот на самитот на НАТО во кои Турција се откажа од правото на вето на приемот на Финска и Шведска, со што се овозможи на самитот во Мадрид единствен фронт против Русија.

„Сакам да ти честитам на ова што го стори“, му рекол Бајден на Ердоган на маргините на самитот.

Трите земји потпишаа договор според кој Анкара ја укина блокадата на финското и шведско членство, додека Стокхолм и Хелсинки се обврзаа дека нема да ги поддржуваат курдските милитантни организации PKK и YPG, кои во Турција, но и во ЕУ и САД се означени како терористички организации, како и втората која во Сирија ја вооружуваше и обучуваше Пентагон. Истото се однесува и на организацијата FETO на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен, кој е во егзил во САД, која Анкара ја обвинува за неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година.

Анкара го поздрави договорот и го опиша како успех. Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави дека Турција го „добила она што го бараше“, што значи „целосна соработка во борбата против Работничката партија на Курдистан и нејзините ограноци“.

Американските функционери одбиле секаква сугестија дека Вашингтон би го поддржал барањето за купување на воените авиони во замена за турското повлекување на блокадата за приемот на Шведска и Финска во НАТО.

„САД ништо не ѝ понудија на Турција и таа од САД ништо не бараше“, како дел од договорот со Финска и Шведска, изјавил за Reuters висок американски функционер.

Ердоган пред заминувањето на мадридскиот самит и по телефонскиот разговор со Бајден ги критикуваше САД во врска со продажбата „F-16“, обвинувајќи го Вашингтон за одолговлекувањето на договорот.