![nevenka stamenkovska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/nevenka-stamenkovska-1.jpg?resize=640%2C366&ssl=1)
Денеска сем 2-ри октомври, а административците не ги земаа 5-те отсто покачување на платата, впрочем и во многу институции не е исплатена ниту редовната незголемена плата, владее целосен хаос, истакна во средата Невенка Стаменковска Стојкоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако на седницата на Владата на РМ уште на 08.01.2019 година беше донесена Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на плата на државните службеници, деновиве, девет месеци подоцна, во „5 до 12” министерката за финансии телефонски ги известувала раководителите во институциите дека платата која е веќе во процедура за да се исплати ќе биде стопирана. Ќе превземе ли одговорност министерката за труд и социјала за несовесното работење и за тоа што цели девет месеци и беше поважно се друго освен егзистенцијата на администрацијата, рече Стаменковска.
Пратеничката појасни дека во редовна собраниска процедура беше пуштен предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија. Стаменковска рече дека предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите поднесен од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска било закажано да се разгледува на комисија на 7-ми октомври, но посочи оти по реакциите за хаосот што го предизвикаа, вчера попладне пратениците добиле известување за влегување на истиот закон во собраниска процедура но сега потпишан од група пратеници, и во скратена постапка.
До кога, запраша таа, непромисленото работење на министрите ќе се покрива преку пратениците во македонското собрание?
Без оглед на се, па дури и во наредната недела да се донесе законската измена, со што ќе се реализира најавеното зголемување, ова е некоректен однос на државата кон вработените и за ова бараме некој од надлежните да сноси одговорност. Правата на вработените и обезбедувањето на подобра егистенција било и ќе остане приоритет на ВМРО ДПМНЕ. Без разлика на некоректниот однос на власта, ВМРО ДПМНЕ ќе учествува конструктивно во предлог измените и ќе побара покачувањето на платите наместо 5 да изнесува 10%. Наместо владата на Заев да се расфрла со пари за патувања и прошетки на функционерите или за плаќање на десетици советници, мора да најде средства за соодветно да ги покачи платите на административците.