Администрацијата во здравство гневна на Филипче: Секој ден го ризикуваме здравјето, а вакцини за нас нема

Министерот за здравство, Венко Филипче многу работи им ветуваше на вработените во здравствениот сектор но скоро ништо од тоа не се исполни. Aдминистрацијата во здравствениот сектор jaнема никаде на листите за вакцинација.

„Зошто административните работници на шалтерите, лабораториите на ЈЗУ здравствен дом Скопје и други… не беа предвидени за вакцинација. Ова е срамота, срамно е ова што го направи министерот, знаејќи дека токму администрацијата секој ден е во непосреден контакт со пациентите“, вели револтирано вработена од ЈЗУ здравствен дом Скопје.

Дополнително и медицинскиот кадар од Здравствен дом Скопје беше лишен од наградата од 500 евра.
„Кога министерот за здравство Венко Филипче ќе излезе јавно и пред сите ќе одговори зошто вработените од ЈЗУ здравствен дом Скопје беа лишени од наградата од 500 евра“, прашува вработена од Клинички центар.
Министерот за здравство, Венко Филипче, на 17.12.2020 при посета на Клиничката болница во Штип, во изјава за медиумите информираше дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со КОВИД пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари. Токму оваа изјава на министерот ги налути останатите вработени во здравствениот сектор, кои не се вклучени во наградувањето.

„Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со КОВИД пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со КОВИД-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари“, потенцираше министерот за здравство Венко Филипче.

Пред десетина дена претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи ги потсети граѓаните што ветуваше СДСМ и Филипче пред да дојдат на власт, а што остварија.

„Да не се заборави – Повисоки плати за здравствените работници, нови и реновирани болници, квалитетни и достапни лекови, беа ветувањата на Филипче во замена за гласот на граѓаните. Денеска во пракса нема ништо од тоа, но затоа имаме колабиран здравствен систем, незадоволни здравствени работници, недостапни лекови, немање вакцини, многу заболени и умрени“, потстети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски што ветуваше министерот за здравство, а што не оствари.