Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во рамките на министерството за здравство и социјална грижа на САД препорачала да се избегнуваат одредени зборови и фрази во официјалните документи за нацрт-буџетот за следната година, објави весникот The Washington Post во саботата, но властите го негираат овој извештај.
Весникот објави дека една од здравствените агенции, Центарот за надзор и превенција на болестите, ѝ бил испратен допис со седум забранети зборови или фрази: ранлив, право, различност, трансородови, фетус, врз основа на докази или научно втемелени.
На службеници во друга агенција, наводно им било кажано да го користат изразот Обамакер наместо Закон за пристапна грижа, при опишувањето на законот на претходниот американски претседател Барак Обама за здравствената грижа од 2010 година.
Министерството за здравство и социјална грижа (HHS) ги отфрли во неделата наводите во написот на The Washington Post.
„Тврдењето дека Министерството за здравство и социјална грижа ‘забранило зборови’ потполно искривено ги опишува дебатите за процесот на дефинирање на буџетот“, вели во писмената изјава за светските агенции, портпаролот на HHS, Мет Лојд.
Весникот известува и дека во документите на Стејт департментот сега за поимот сексуална едукација ќе се користи фразата „избегнување на сексуалните ризици“.
Во написот на The Washington Post се наведува дека наводните упатства во една од агенциите се темелат на документот на Бирото на Белата куќа за управување и буџет кој го надгледува предлогот на предлогот на претседателот Доналд Трамп за Конгресот. Весникот известува дека за промена на вокабуларот не е дадено појаснување.