Администрацијата на Трамп има намера да го укине климатскиот план на Обама

Администрацијата на американскиот претсадател Доналд Трамп ќе ја укине клучната мерка на поранешниот претседател Барака Оабма за климата, со што ќе го исполни ветувањето од кампањата за обновување на американската рударска индустрија што го осудуваат активистите за зачувување на природната околина.

„Планот за чиста енергија“ демократскиот претседател Барак Обама го потпиша во 2015 година. Целта на планот беше да се забрза енергетскиот премин и да им се наметне на термоцентралите намалување на емисијата на јаглерод диоксид за 32 отсто до 2030 година во однос на 2005 година.

Доколку стапеше на сила, би биле затворени бројни електрани на јаглен, најстарите и оние коишто најмногу загадуваат.

„Војната против јагленот е завршена. Утре во Вашингтон ќе ја потпишам нацрт одлуката за укинување на ткн ’План за чиста енергија’ на претходната администрација“, изјави во понеделникот челникот на Американската агенција за заштита на околината (EPA), Скопт Пруит во говорот во сојузната држава Кентаки. Тој во времето на претседателот Обама се спротиставуваше на неговата иницијатива.

Без оглед на тоа што се наоѓа на агенцијата EPA, Пруит му припаѓа на кругот климатолози кои се скептични кон климатските промени, Во 2015 година, додека беше државен обвинител во Оклахома оцени дека споменатиот план е „илегален обид да се зголеми моќта на сојузните бирократи над енергетската политика на сојузните држави“.