Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека тоа што во текот на летото вработени во јавниот сектор може да земат неплатен одмор за да одат да работат во странство, значи дека не се потребни нивните работни места.
Вицепремиерот вели дека кога тие ќе се вратат во земјава да се понудат како работна сила на приватниот сектор.
– Имам еден друг предизвик. Кога ќе се вратат во септември, истите слободно да ги понудиме на приватниот сектор, ќе дадеме стимулирање и за приватниот сектор за да се вработат еднаш засекогаш таму каде што најмногу се потреби – изјави Битиќи, пренесе Телма ТВ.
Тој нагласи дека во приватниот сектор има недостиг од 10 000 работници, а државата, според него, е подготвена да го стимулира процесот на преминување во приватниот сектор со субвенции за придонесите.