Адора Инженеринг доби Национално признание за заштита на животна средина

Градежната компанија Адора Инженеринг го доби 9-тото високо национално признание за ООП, плакета за 2013 година, во категоријата „Заштита на животната средина“, за проектот „А класа- Еко домови за здрава и сигурна иднина“.

Признанието што министерот за економија Беким Незири и го додели на Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор во компанијата, е за проектот што е дел од долгорочната стратегија за изградба на енергетски ефикасни домови во
Македонија, што со примена на високи технологии, зелена архитектура и обновливи извори на енергија, на станарите им овозможуваат квалитетно, здраво и економично домување по европски стандарди.

„Двата елитни станбено- деловни објекти Аеродром-Парк и Аеродром-Црква гинадминуваат барањaта од Правилникот за енергетски карактеристики на згради во Македонија и се први колективни станбени згради изградени од високата А класа.Елитните висококвалитетни станбени објекти со врвна геомеханичка и асеизмичка стабилност, на станарите им штедат енергија за греење и ладење, трошејќи до шест пати помалку од порано, а со поставувањето заедничко осветлување со фотоволтаици и инсталирањето штедливи светилки на сензори, овозможуваме поквалитетно и поекономично домување. Намалената потрошувачка на енергија не значи само финансиско намалување на трошоците туку и намалување на емисијата на CO2 со што придонесуваме за почиста и поздрава животна средина“- посочи извршниот директор во Адора Инженеринг, Драгана Д. Чифлиганец.

Проектот опфаќа и хортикултурно уредување и оплеменување на просторот околу зградите за разубавување и подобрување на животниот простор.Ова високо признание е четврто што во областа на животната средина Адора
Инженеринг го добива од Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и министерството за економија.