„Адора“ со награда за општествена одговорност за животна средина

„Адора инженеринг“, која досега има добиено 16 национални награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија, денеска доби награда за одговорен однос кон животната средина и вложување во заедницата.

Станува збор за проектите „Најголемата внатрешна градина во Европа“ (објектот „Дијамантска градина“) и „Заедно до врвот“ (поддршка на кик боксот како редок спорт во државава).

„Адора“ е пионир во изградба на енергетски ефикасни домови во Македонија и регионот, уште кога тоа се’ уште не беше законски регулирано во Македонија. Оваа градежна компанија е и предводник во унапредувањето на еко домовите во секој нов станбен објект, со примена на современи технологии, материјали, иновации и европски стандарди.

„Оваа национална награда ни е особено драга, зошто таа е потврда дека е препознаена и валоризирана нашата 12 годишна заложба за постојано усовршување на зелените домови, што годинава кулминира со изградба на објектот „Адора Дајмнонд гарден“. Овој објект официјално ја има најголемата внатрешна градина во Европа. Во оваа зграда станарите живеат во амбиент кој внатрешно е оплеменет со 5,5 тони растенија од природно потекло“, изјави Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на „Адора“ инженеринг, компанија која 16 години е синоним за изградба на безбедни, квалитетни и комфорни домови.

 

Националната награда за најдобри општествени одговорни практики на македонските претпријатија, се доделува единаесет години по ред, а досега се наградени 276 добри практики од пет различни области на општествена одговорност.

Организирањето на Националната награда во 2108 година е финансиски поддржано од Министерството за економија.