Адреналинската авантура започнуба од Сопиште – доста е изолација, природата е моќ, природарта е здравје

Aреналинската патека, односно АТВ авантурата започнува од Сопиште (Ресторан Мулино), се оди кон Варвара каде по (офф роад) земјени патишта се поминува низ златни полиња, по течението на реката Маркова се до подножјето на планината Караџица, па се оди нагоре кон Цветово, од каде има прекрасен панорамски поглед на централните планиснки врвови во Македонија“, е понудата за сите оние кои се со авантуристички дух и на кои изолацијата им дојде преку глава. И најважно, Вие сте во природа, па и дистанцата е природно загарнтирана.

Должината на патеката е приближно 30 км, а максималната надморска височина е 800м, додека тежината на патека е оценета како средна, со времетраење на авантурата 4-5 часа.

Сето тоа го добувате за 6.000  денари по лице.

Резервациите може да ги направите на 071/ 222 – 909.