Макенката Адријана Лима преку социјалните мрежи се огласи по повод новонастанатата ситуација околу коронавирусот, а призна дека е многу загрижена.
„Светот е во сериозна криза што се однесува на здравјето, па и екомонијата… Те тера да сфатиш дек залудно сме се грижеле околу површни работи, а забораваме дека нашето здравје е најважно. Да се потрудиме да не ја изгубиме надежта во овој тежок период. Заедно ќе го пребродиме и ова. Верувам во тоа“, порачала Лима, а една обожавателка од Италија и искоментирала:
„Бидете секоја секунда со оние кои ги сакате. Јас сум Италијанка и секој ден сме затворени. Не можеме да се видиме со момчето, девојката, семејството, пријателите. И така ќе биде минимум до 3 април. Тешко е бидејќи не излегуваме, но уште потешко им е на нашите во болница… Ве молам, не потценувајте го проблемот како што направивме ние на почетокот.. Превенцијата е клуч.. Земете ги Кина и Италија за пример и немојте да ги правите истите грешки. Ви зборувам од срце“.
Овој коментар, длабоко ја потресе Лима, па таа и одговорила на обожавателката и ѝ порачала:
„Ти праќам љубов и сила за тебе, твоите пријатели и семејството. Запомнете дека не сте сами“.
https://www.instagram.com/p/B9p06mPlSFw/?utm_source=ig_embed