Манекенката Адриана Лима н атапила на ревијата на „Живанши“ во Париз. Таа се појавила во издание во кое никогаш јавноста ја нема видено и на тој начин ги изненадила многубројните посетители.
Манекенката била облечена во интересна креација со машки чизми и толку јака шминка што било тешко да се препознае дека е таа.
Лима во Париз, освен работата, имала време и за уживање, па така со пријателите го посетила познатиот музеј Лувр, а фотографијата од нивната прошетка ја споделила на Инстаграм.