![Lima portret](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/Lima-portret.jpg?resize=257%2C250&ssl=1)
Во прашкасто розев фустан со длабок шлиц и едноставни сандали со високи штикли, бразилската манекенка се прошетала по црвениот тепих во Кан.
Бразилската манекенка Адријана Лима се појавила на Канскиот фестивал и со својот изглед го привлекла вниманието на присутните.
Во прашкасто розев фустан со длабок шлиц и едноставни сандали ги истакнала своите витки нозе, и уште еднаш покажала зошто е еден од ангелите на Викторија Сикрет.
Адријана е позната по тоа што не носи многу шминка, кон сто се придржуваше и овојпат. Ги истакнала усните со црвен кармин, кој се чини, како да е неизбежен помеќу сите дами.
Сигурна во себе, вешто позирала пред објективите на бројните фотоапарати.