Следната недела, на само денови пред истекот на рокот, двете најголеми партии ќе ги објавата носителите на кандидатските листи за пратеници за изборите на 12-ти април.
Највисоките партиски органи на ВМРО ДПМНЕ во вторник ќе одржат состаноци на кои треба да се потврдат имињата, по што следниот ден раководството ќе ги презентира кандидатите за пратеници. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски вели деновиве привршуваат анализите и договорите со коалициските партнери.
„Според она што го договоривме, во вторник ќе имаме Централен комитет на партијата, кога ќе бидат усвоени практично пратеничките листи и составот на коалицијата со која што ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на изборите, а во среда веќе ќе имаме настан каде што ќе биде јавна презентација на истите“, рече Мицкоски.
До вторник треба да биде одлучено и дали тој како претседател на ВМРО ДПМНЕ ќе биде носител на некој од листите.
СДСМ своите адути за пратеници ќе ги соопшти в понеделник на партиските Конгрес. Социјалдемократите веќе го договорија заедничкиот настап на предвремените избори со БЕСА.
Засега нема ниту информации од партиите, кој би можел да биде меѓу носителите на кандидатиските листи. Но, се очекува на листите на СДСМ, во четвртата изборна единица носител да биде лидерот Заев, додека во „шестката“ лидерот на БЕСА, Билал Касами.