Адвокатите на Трамп побараа судење во април 2026-та

Адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамоп побараа од федералниот судија во Вашингтон да го закаже судењето за кандидатот за републиканската номинација на претседателските избори следната година за април 2026 година, по обвинувањата дека наввдоно се обидел да го поништи својот изборен пораз од актуелниот демократски претседател Џо Бајден.

Со овој побаран датум судењето би започнало по претседателските избори во сад во ноември 2024 година, и инаугурацијата на новиот претседател на САД на 20-ти јануари 2025 година, за кои Трамп е водечкиот кандидат за номинацијата на Републиканската партија.

„Јавниот интерес лежи во прадата и во чесното судење, а не во избрзувањето со пресудата“, напишале адвокатите на Трамп во поднесокот до судот во четвртокот.

Американскиот специјален обвинител Џек Смит, од Министерството за правосудство, чиј кабинет ја води постапката против Трамп во случајот со изборите во 2020 година, минатиот четврток побара од окружната судијка Тања Чуткин да го закаже судењето за 2-ри јануари 2024 година.

Овој датум е само две седмици пред првото гласање на претседателските предизбори во Републиканската партија и несомнено има интенција директно да влијае врз исходите од гласањето.

Портпаролот на специјалниот обвинител одбил за Reuters во четвртокот да коментира, останувајќи при претходниот поднесок на Смит до судот.