Белгискиот адвокат на Салах Абдеслам Свен Мари за белгискиот портал „Ла Либре“ појаснува која била намерата со тоа што за француски „Либерацион“ рекол дека Салах Абдеслам е „мал кретен од Моленбек што се занимава со ситен криминал“, „дека има интелегенција на празен пепелник“ и дека во него има „огромна празнина“.
Сите, почнувајќи од јавниот обвинител во Париз, го гледаат како важен, па дури и главен организатор на нападите во Париз, но тој воопшто не поседува такви интелектуални предиспозиции. Ако сум му рекол на новинарот на „Либерацион“ што ме интервјуираше дека Салах Абдеслам нема ниту глава ниту рамена за да замисли, подготви, да организира такви напади во Париз, формулацијата не би била разбиена. Па така го предупредив мојот клиент дека ќе употребам шокантна формулација за да ја пренесам нашата порака. Денес, ме обвинуваат дека сум го понижил Абдеслам, беше претпоставено дека јас го презирам и дека сум станал негова контра-одбрана, но повторувам, претпоставувам, ние претпоставуваме дека тоа сум го рекол во интервјуто. Тоа беше спектакуларен начин да се каже дека Абдеслам не би можел да биде „мозокот“ зад нападите и дека сеуште очекувам да се појави доказот дека тој би можел да биде или бил тоа, вели Мари.
Инаку, тој изјавил дека и понатаму ќе продолжи да го брани Салах Абдеслам во белгискиот дел од истрагата, (за вооружената престрелка со полицијата), но не се знае дали ќе соработува со Франк Бертон за судењето во Франција.