Адвокатот Зафиров: Не очекував дека во Кричниот законик така дрско ќе се навлезе

Адвокатот Валентин Зафиров во емисијата „24 анализа“ рече дека авторот на измените на Кривичниот законик не го интересира, бидејќи очигледно се е договорено тоа да помине за еден ден.

– Не смеело така да биде и очекував дека нешто ќе се случи, но не очекував дека во Кричниот законик така дрско ќе се навлезе и сум изненаден. Нашиот Кривичен законик важи од 2006 година и има многу измени и тешко е да се работи. Дали имаме Кривичен законик или салата од Кривичен закони? Во секој член имаме измена и дали таа измена одговара на духот на законот кога е носен. Казнивоста треба да биде процесуирана и поради карактерот на овие кривични дела. – рече Зафиров.