Адвокатската Комора на Македонија денеска го слави своето формирање, во Битола за прв пат се одбележува овој ден на иницијатива на млади адвокати од битолската адвокатската заедница кои положија свежо цвеќе пред двата народни херои Коле Канински и Јосиф Христовски кои биле адвокатски приправници своевремено.
Никола Главинче претседател на адвокатската заедница вели дека младите од комората со свој придонес ги реконструирале двете спомен бисти на овие два видни херои од Битола, а планираат од година на 16 декември кога е формирана битолската адвокатска комора да почнат да го одбележуваат овој датум.
Истакнат адвокат кој многу значи за адвокатската фела вели во 81 година се донела одлука бистите на народни херои кои биле и правници да бидат поставени секој во својот округ и во самото формирање на адвоктската комора вели значајно е што уште тогаш Битола се истакнувала со дури 29 адвокати.
И денес се бориме за самата адвокатура која не е поддржана од власта бидејќи сме опозиција вели Сотир Главинче поранешен адвокат.
Како гости учесници во денешното одбележување, беа од Сојузот на борци Битола.
Александар Трајковски вели дека двата херои биле адвокатски приправници и тие се вклучуваат како гости со поставување свежо цвеќе пред нивните спомен бисти.
Свежо цвеќе денеска беше положено и на гробот на д-р Павел Шатев иницијатор за формирање на Адвокатската комора на Македонија.