Денеска околу 10:45 часот поради дефект на водоводната мрежа, без вода останале дел од жителите на општина Аеродром, соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Дефектот настанал на булеварот Јане Сандански кај зградата со број 69, а без вода останале корисниците од број 69 до 109.
Корисниците повторно ќе бидат вклучени на водоводната мрежа по санирање на дефектот.