Аеродромите во Истанбул и Париз први според бројот на патниците во 2020-та

Аеродромите во светот минатат 2020 година поради пандемијата на коронавирусот и ограничувањата на патувањата забележале годишен пад на бројот на патмиците меѓу 70 и 80 отсто, но некои имале и помал пад, па се искачија на листата, како што се најглемиот руски аеродром „Шереметјево“ кој од осмото скокна на петтото место на најфреквентните аеродроми во Европа.

Податоците на Светската туристичка мреќа (WTN) покажуваат дека московскиот Меѓународен аеродром Шереметјево како најголемиот во Русија за патнички товарен сообраќај, во 2020-та услужила 19,8 милиони патници, со што на листата најпрометни европски аеродроми го проправи својот статус за три места и сега е петта.

На првото место за 2020 година по комплетирањето на податоците за прометот на сите аеродроми во Европа, се очекува дека аеродромот Истанбул, кој и сега е водечки со ланските околу 23,4 милиони патници кои ги примил, и за кои се предвидува дека поради капацитетот на новиот терминал и во одните години веројатно ќе биде водечки во Европ по бројот на патниците.

На второто место според бројот на патниците за 2020-та следи главниот француски аеродром „Шарл де Гол“ крај Париз, кој досега извести за 21,1 милиони патници во периодот од ланскиот јануари до ноември, односно за околу милион патници помалку отколку што имало на лондонскиот аеродром „Хитроу“ но за целата 2020 година.

Се очекува и дека поради тоа „Хитроу“ ќе биде и најголемиот губитник меѓу аеродромите во Европа, иако сите трпеле загуби поради пандемијата, и прометот на патнции и приходите, бидејќи преку овој аеродом минале 22,1 милион патници во 2020-та, за разлила од речиси 81 милиони во текот на претходната 2019 година.

Со ваквиот остар пад од дури 73 отто, „Хитроу“ во 2020-та ја загуби водечката позиција меѓу европските аеродроми според фреквенцијата на патниците, и тоа директно поради пандемијата и особено ширењето на коронавирусот по Европа од есента до крајот на годината кога беа откажани и речиси сите постоечки летови кон и од Лондон поради новиот ткн „британски“ сој на вирусот, што дополнително ги запре и онака веќе ограничените патувања.

Од сите овие аердроми, како и севкупно од туристичката и индустријата на патувања се надеваат дека вакцината против коронавирусот би можела да го олесни закрепнувањето подоцна во текот на оваа 2021 година, додека достигнувањето на прометот од 2019 година не се очекува пред 2023 година или поверојатно во текот на 2024 година, со претпоставка за брзо „зауздување“ на пандемијата.