Меѓунарониот аеродром „Ататурк“ во Истанбул беше отворен само неколку часа по нападите во кои 36 лица ги загубија животите, јавува „Анадолија“.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим на прес конференција соопшти дека утрово од 2.00 часот аеродромот бил повторно ставен во функција.
Три лета на Туркиш ерлајнс безбедно слетале на аеродромот по 4.00 часот изутринава.
Некои патници што слетале на аеродромот биле задржани во авионите додека сеуште траело расчистувањето по нападите во кои речиси 150 лица се повредени, а им било дозволено да се симнат од авионот откако повторно биле отворени објектите на аеродромот.
Властите соопштија дека на патниците што имаат намера да отпатуваат од аеродромот ќе им биде дозволен влез на терминалите по 5.00 часот утрово.