Меѓународниот цивилен аеродром во сириската престолнина Дамаск повторно е отворен за сообраќај во понеделникот претпладнето по локално време, по прекинот предизвикан од израелскиот воздушен напад во кој загинаа две лица а уште две други се ранети, соопшти сириското Министерство за сообраќај.
Претходно ноќта кон понеделникот Министерството за одбрана на Сирија соопшти дека во израелскиот ракетен напад загинале двајца сириски војници и а уште двајца биле ранети, поради што била запрена работата не меѓународниот аеродром Дамаск.
Западните медиуми, пак, повикувајќи се на ткн Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) кој ја води сопственик на сириски ресторан во Лондон, Рамиабдел Рахман, кој според официјален Дамаск е финансиран од британското разузнавање, објави дека наводно биле убиен вкупно четири борци.
Според оваа информација, чијашто цел е да се оправда израелскиот напад врз меѓународниот аеродром во Дамаск, станува збор за вторпат за помалку од седум месеци овој во основа цивилен аеродром да биде цел на напад од Израел, на кој наводно имало борци поврзани со Иран и либанското шиитско движење Хезболах. Наведува дека израелските напади имале цел „позиции на Хезболах и на проиранските групации на аеродромот и околината, вклучително и складишта на оружје“.
Сириската службена новинска агенција SANA, повикувајќи се на воени извори, потврди дека загинале двајца сириски војници во нападот во раните утрински часови во понеделникот.
„Израелскиот непријател изведе воздушна агресија со баражен оган со проектили врз меѓународниот аеродром Дамаск и околината и предизвика смрт на двајца војници, ранување на други двајца и материјална штета“, објави агенцијата.
Во соопштението неколку часа по нападот, сириското Министерство за сообраќај објави дека аеродромот повторно е во целосна функција и дека летовите се обновени веќе во 9 часот по локално време.
Израелската војска не ги коментира нападите врз Сирија, но редовно тврди дека нема да дозволи Иран да го шири своето влијание во соседната земја. Од почетокот на сириската граѓанска војна во март 2011 година инструирана од Западот и блискоисточните сунитски монархии, Израел изведе стотици воздушни напади во Сирија, кои честопати коинцидираат со терористичките акции на ултрарадикалната сунитска група Исламска држава, гаѓајќи позиции на сириската војска, и сојузничките шиитски доброволечки милиции од Иран и од Ирак, како и на либански Хезболах.
Во говорот на 29-ти декември во Израелскиот институт за национална безбедност, израелскиот генерал Авив Кохави рече дека „војската којашто Иран се обидува да ја воспостави на целиот Блиски исток е закана за Израел и светот“.
Израелското воздухопловство на 10-ти јуни го бомбардираше аеродромот југоисточно од сириската престолнина, поради што пистите две седмици беа надвор од функција, Аеродромот во Алепо, поранешниот економски и финансиски центар на Сирија, каде е мнозинско алавитското (шиитско) население, исто така, во септември беше неколку дена вон функлција поради израелско ракетирање.
По годините крвави судири, џихадистички напади, разорни гранатирања на владините институции и сили од страна на западните сили предводени до САД, Франција и Велика Британија, последните три години по вмешувањето на Русија по повик од владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, војната главно се смири.
Сепак, и натаму има спорадични судири и терористички џихадистички напади главно во источните делови, каде и американската војска има неколку бази воспоставени на најголемите наоѓалишта на нафта во Сирија која ја експлоатираат САД, а на северот Турција изведува инвазија против единиците на сириските Курди, кои инаку се вооружени и обучувани од американската армија.
Според податоците на SOHR, кој се повикува на мрежа извори од теренот во Сирија, во минатата 2022 година загинале 3.825 луѓе, од кои 162 цивили и 321 дете, што е најмал број жртви од 2011 година. Претходната загинале 3.882 луѓе, според истиот извор.