
Аеродромот Завентем останува затворен. Ниту утре нема да полетувања ниту слетувања на аеродромот, пренесуваат бриселските медиуми.
Аеродромот е затворен по терористичките напади од минатата недела, а летовите се пренасочуваат на другите аеродроми во Белгија.
Во меѓувреме исто така работат и сите метро станици во Белгија, освен станицата Моленбек што исто така беше нападната минатата недела.
Во нападите на Брисел животот го загубија 35 лица, а над 300 беа повредени. Полицијата сеуште трага по третиот напаѓач од аеродромот, кој на јавноста и стана познат како „човекот со шапка“ или „човекот во бело“.