Џафери ја прекина седницата за владиното откажување од сопственоста во ГА-МА

ВМРО-ДПМНЕ успеа во напорите да се прекине седницата на која точка се 33 милиони евра за „Макпетрол“, Собранискиот спикер Талат Џафери доцна вечерта пред полниќ во четвртокот на крај ја прекина седницата, соочен со фактите на опозицијата и нервозата кај владејачкото мнозинство, иако пратениците на владејачката СДСМ во најголем дел не беа во салата..

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата даваше напори да блокира дел од работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари. И успеа во тоа.

Нервозата кај претставниците на власта беше видлива, па седницата се одвиваше во тензична атмосфера.

Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата претходно обвинија дека за овој Договор меѓу државата и ЊМакпетрол јавноста нема доволно информации и со истиот ќе се направи штета на сметка на државниот Буџет

„Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 отсто во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.