
Со оглед на тоа што наметнатите, неприродни услови со КОВИД-19, го одложија спроведувањето на предвремените парламентарни избори претходно закажани за 12-ти април 2020, известувам дека имаме нова ситуација.
Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што нема да има вообичаена изборна кампања, меѓутоа, тоа што е поважно и на кое ќе мораме сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните.
Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 15-ти јули 2020 година го потпишав синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната Изборна Комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот, стои во соопштението од Собранието на Македонија.