Џафери го прекрши Деловникот, не ги стави на гласање уставните измени затоа што знае дека ќе пропаднат

Талат Џафери го прекрши Деловникот за работа на Собранието. Џафери мораше да ги стави на гласање уставните измени, не ги стави само затоа што знаеше дека веднаш ќе пропаднат и едвај 70 пратеника ќе гласаат, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Џафери знае дека ДУИ и СДС немаат мнозинство, и за да ја спаси власта ги крши законите.

Џафери мора да ги почитува чл. 95 и 96, кои се децидни дека не смее да се одложи гласање за измена на Устав, и повикување на членови од Деловник, кои важат за измени на закон, а не на Устав.

Џафери е ставен во улога на сласител на владините фотелји, наместо да работи по закон“.