Измените на Изборниот законик се половични и нема да го решат проблемот на сите 100 000 граѓни со истечени лични документи, вели Џафери.
Откако пред два дена тврдеше дека има време до изборите сите граѓани да ги променат документите, техничкиот премиер денеска вели дека е потребно системско решение за да им се излезе во пресрет на сите, а не само на оние со истечени документи 9 месеци пред изборите.
Ако имаме документи со истечен рок од девет месеци на 24 април ќе гласаме, но што ќе правиме на 8 мај. Сакајќи да направиме исклучок правиме друг исклучок што исклучуваме дел од граѓаните, истакна денеска Џафери.
Поради ова Џафери вели дека очекува во периодот кој следи од Владата или Собранието да биде побарано ново решние.
Решението да биде отворено граѓаните кои имаат истечени документи да можат да гласаат оваа година без разлика на кој рок истекле, не мислам дека е решението целосно јас сум убеден дека ќе дојдат пак во Влада за дополнителни решенија. Ќе треба да размислат или Собранието или ние во Влада ќе треба да го доисправиме овој проблем, подвлече тој.
Џафери пред само два дена велеше дека законско решние не е потребно бидејќи до изборите има време сите 100 000 граѓани да ги заменат личните документи, само треба да побараат термин. Неговата изјава беше оценета како несериозна од страна на техничкиот министер Тошковски кој потенцира дека иако процедурите и на закажување и на издавање документи е забрзана, сепак за еден месец проблемот не може да биде целосно решен.