„Можно е за уставните измени кога ќе дојдат на пленарна седница да се исцрпи расправата, но да се одложи гласањето додека не се обезбеди потребното мнозинство од 80 гласа“.
Ова како можност го најави претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите.
Според него, се зависи од моменталната состојба.
„Се зависи од моменталната состојба односно дали ќе има обезбедено 2/3 мнозинство. Ова не е ништо ново бидејќи имало вакви случаи и за закони“, додаде Џафери.