
Претседателот на Собранието Талат Џафери останува на ставот дека нема да свика нова седница за законите од петиот пакет мерки, како што побара ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи седницата со 30 точки е свикана и тој не може да прави измени. Џафери за ова информира на брифинг со новинарите.
Тој повтори дека дневниот ред го усвојуваат и можат да го изменат само пратениците и предлагачите на точките. Џафери појасни дека за да се одржи посебна седница Владата треба да достави нови материјали. Тој рече дека не сака да се сретне со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи затоа не сака да разговара за ултимативни прашања.
Со премиерот Зоран Заев, вели тој ќе има средба во текот на денот.
За најавата на премиерот за вонредна состојба како една од опциите за деблокада на Собранието, Џафери е дециден дека за тоа во овој момент не треба да се разнислува затоа што не може да се реализира од причини што за нејзино прогласување потребно е двотретинско мнозинство.