Џафери: Oдоговорот за заеднички листи на ДУИ и СДСМ е кај Ахмети и Ковачевски

Одлуката на СДСМ и ДУИ  дали ќе настапат со заеднички листи на изборите ќе ја донесат лидерите Ахмети и Ковачевски, вели техничкиот премиер Талат Џафери.

-Соодветното прашање ќе имате можност по излегувањето одовде на Димитар Ковачевски претседател на СДСМ, бивш премиер, да му го поставите и соодветно на Али Ахмети како претседател на ДУИ, кој според овластувањето на партиските органи е овластен за разговори по односното прашање. Ниту имам надлежност, ниту чувствувам потреба да претпоставувам што ќе се случи