Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека било кој друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч. Тој ова вечерва го изјави во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.
Џафери додава дека се правело притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на парламентот, но дециден е дека со Собранието е веќе завршено.
„На 16-ти февруари секој пратеник гласање за престанок на мандатот. По наредните изботи ќе се собере Собранието“, вели собранискиот спикер.
Инаку до Собранието иницијтива за негово повторо свикување поднесоа пратеници од СДСМ, а на иницијативата не се приклучи ВМРО-ДПМНЕ.