![dzaferi zemaj](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/dzaferi-zemaj.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска го прими министерот за здравство на Република Косово, Арменд Земај.
Претседателот Џафери, меѓу другото, се заложи за преземање на чекори за олеснување на движењето на граѓаните од двете земји, почитувајќи го при тоа мислењето на професионалните тела. Тој истакна дека Македонија го поздравува потпишувањето на Договорот за економска соработка што беше потпишан во Вашингтон меѓу Република Косово и Република Србија.
Двајцата соговорници потврдија дека соработката е на завидно ниво и меѓу двете соседни земји постои успешна билатерална комуникација, доверба и блиски политички односи. Тие оценија дека и понатака треба да се продолжи со вложување во идната соработка која има силен потенцијал да ги зајакне билатералните врски во интерес на граѓаните на Македонија и Косово.