Џафери: Зошто јас би останал, ако сите си одат

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за МИА изјави дека би ја следел одлуката на министрите на Демократската унија за интеграција и би се повлекол и тој доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.

-Следствено, ако сите си одат, зошто јас би инсистирал да останам, изјави Џафери.

Во однос на парламентарните избори вели дека негов личен став е дека избори треба да има во редовен термин и нема причина зошто да не биде така, додека за тоа тоа дали избори за пократко време би помогнале ДУИ да успее да задржи што е можно повеќе гласови, вели дека за тоа треба пресметки да направат партиските органи.

-Јас колку што знам ДУИ се има изјаснето мандатот да оди како редовен мандат и да се вратиме во процесот и во системот на четиригодишен мандат. Но, вчерашната одлука која што е изјавена е во конктекст на она што беше резултат или изјава на лидерската средба помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата. Предусловот на опозицијата беше – да, ние би пристапиле на тоа доколку ДУИ оди во опозиција и беше кажано додека се одржуваше конференцијата дека, ако е тоа предусловот за граѓаните, ние треба да сме надвор од оваа Влада за да се изгласаат уставните измени, изјави Џафери