Африкански доселеник во Канада двапати за пет месеци на лото доби 3,5 милиони долари

Melhig Melhig. Picture: www.wclc.com

Млад Африканец кој пред две години се доселил во Канада, неодамна станал милионер откако двапати во рок од пет месеци на лотариски игри на среќа популарните „грепки“ освоил дури 3,5 милиони канадски односно 2,7 милиони американски долари.

„Би сакал да го подобрам англискиот јазик и да научам некој корисен занает, како што е столарскиот“, изјавил 28-годишниот Мелхиг Мелхиг во изјавата за канадската лотарија Western Canada Lottery Corporation (WCLC) на прашањето што ќе прави со толку пари.

Тој е по потекло од земја во западна Африка, но не ја открил својата татковина, а пред две години со своето семејство се доселил во канадската покраина Винипег, пренесува агенцијата AFP.

Во април годинава „истругал“ 1,5 милиони канадски долари, а во август повторно имал среќа и добил 2 милиона долари. Со парите од првата добивка купил куќа во којашто се вселил со сопругата и децата, а парите од втората добивка ќе ги вложи во иднината и образование.

Според пресметките на WCLC шансите да се добие главната премија изнесуваат 1:900.00, а вторпат истото лице да е добитник се 1 наспроти 1,3 милиони. А колкави се шансите тоа да се случи за пет месеци – немерливи, одоговориле од лотаријата.