Африканско првенство: Домаќинот Брегот на Слоновата Коска во финалето

Во финалето на Африканското фудбалско првенство ќе играат Нигерија и домаќинот на турнирот Брегот на Слоновата Коска, кој во полуфиналето го совлада ДР Конго со минимални 1:0.

Во неделното финале, Брегот на Слоновата Коска ќе ја бара третата шампионска титула во Африка, која ја освоија во 1992 и 2015 година. Покрај тоа, годинешниот домаќин на првенството двапати играше финалето, во 2006 и 2012 година, кога беа поразени.

Голем домашен херој во полуфиналето беше Себастиен Халер, напаѓачот на Борусија Дортмунд, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 65. минута. Халер ја зафати топката од волеј, а таа се одби од тревникот во лоб кој голманот на ДР Конго не можеше да го дофати.

Брегот на Слоновата Коска и ДР Конго одиграа целосно отворен натпревар. Имаше многу шанси на двете страни, но домашните на крајот сосема заслужено напредуваа бидејќи беа подобри од првата минута.

Првиот финалист на Африканскиот фудбалски шампионат, што се одржува во Брегот на Слоновата Коска, е репрезентацијата на Нигерија која по изведувањето на пенали ја совлада Јужноафриканската Република со вкупен резултат од 5:3.

Нигерија по осми пат во својата историја се пласираше во финалето на континенталниот шампионат. Трипати ја освојуваше титулата, последен пат во 2013 година. Четири пати беше поразена во финалето, а овојпат за титулата ќе игра против подобриот од мечот меѓу домашната селекција на Брегот на Слоновата Коска и ДР Конго.

Натпреварот за третото место е закажан за в сабота од 21 часот, додека во истиот термин ќе се игра и финалето, но ден подоцна.