Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши денес се сретна со портпаролот на Претседателството на Република Турција, амбасадорот Ибрахим Калин, кој истовремено е главен советник и заменик претседател на Советот за безбедност и надворешна политика.
Според партиското соопштение, на оваа средба Гаши му се заблагодари на Калин за поддршка што Турција и ја дава на Република Северна Македонија во процесот на членство во НАТО, а на средбата се дискутираше и за други можности за соработка меѓу двете земји. Гаши се заблагодари на Калин и за вниманието што Турската држава ја има за сите Албанци во регионот, особено за оние во Република Северна Македонија.
Ибрахим Калин, од друга страна, му се заблагодари на Гаши за посетата, изразувајќи длабоко уверување дека добрите односи меѓу Турција и Северна Македонија ќе продолжаат да се развиваат, како и вниманието кон Албанците во Балканот.
На средбата присуствуваа и министерот за Култура, Хисни Исмаили, како и Орхан Муртезани – портпарол на Алтернатива, истовремено директор на Македонски железници – Транспорт.