Американската амбадорка Анџела Агелер во интервју за телевизија 24. изјави дека најважно е на претстојните парламентарни избори да биде донесена вистинската одлука за придвижување на државата кон Европската Унија. Во врска со планот на опозицијата за евроинтегративниот пат на државата, таа изјави дека тој треба да биде споделен со граѓаните. Прашана дали ќе побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го види тој план, Агелер вели дека таа со задоволство би го видела, ако тој сака тоа да го сподели.
-Ќе бидам среќна ако Мицкоски ми го покаже планот, но уште поважно е транспарентно да го покаже пред граѓаните. Мислам дека е далеку поважно за гласачите и народот на оваа земја да видат и слушнат за тој план и да ги слушнат деталите на секој план што би ги решил тековните проблеми со другите земји. Навистина се надевам дека гласачите бараат од сите кандидати многу јасно да разберат кои се нивните планови за иднината и како ќе ги спроведат, рече Агелер.
Во однос на поделеноста во техничката Влада, американската амбасадорка рече дека било разочарувачки е што од ВМРО-ДПМНЕ не гласале за оваа Влада, но дека сепак поставиле свои кадри на соодветните места.
– Очекувам секоја влада да работи во полза на своите луѓе. И да, беше разочарувачки дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Владата, но сепак ставија свои министри на соодветните места, и заменици министри во други министерства, така што се надевам дека техничката Влада ќе продолжи да работи во најдобриот интерес на граѓаните на оваа земја и досега тие покажаа дека ќе го сторат тоа така што се надевам дека ќе продолжат, вели Агелер.
Според неа, партнерството меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ако не се донесат уставните измени, иако САД ќе бидат разочарани.
– Нашето партерство е стратешко и не зависи од тоа. Дали ќе бидеме разочарани? Апсолутно. Но, партнерството што го имаме со Северна Македонија е нешто што трае уште од независноста на земјава и тоа ќе продолжи. Вие сте НАТО сојузник, а тоа не се менува, така што таа врска е силна и ви ветувам дека направивме се што е во нашата моќ, овде во Амбасадата на САД, секој ден, да и помогнеме на земјава да ги исполни своите европски аспирации, вели Агелер во интервјуто