Американската амбасадорка Анџела Агелер на прашање од новинарите дали е познато или дали има некое конкретно руско влијание во Македонија таа одговори негативно и кажа дека на нејзе колку што и е познато нема такво експлицитно влијание.
-Не ми е познато некое конкретно влијание, но уверена сум дека има бидејќи генерално го има во овој регион. Најважно е, како што се приближуваме кон предизборниот период, граѓаните на државата да поставуваат прашања кон кандидатите и кога ќе гласаат да размислуваат за своите приоритети. Тоа е најважно. Важно е да се едуцираат за процесот и кандидатите без разлика кој се меша. Тоа е најмоќната алатка што ја имаат, рече Агелер.
Ова прашање кон американската амбасадорка беше поставено по вчерашниот настап на првиот вицепремиер Артан Груби кој директно ја обвини Русија за предизвикување на проблеми од нередите во Собранието на 27 април, до опструкции на Коридорот 8, мешање во работата на верските заедници, европските интеграции.
-За време на нередите во Собранието таму имавме Русин кој ја поттикна целата ситуација, за линч на пратениците и новиот собраниски спикер. Имаше изјави и од Лавров, Путин и Захарова. Путин дури поттикна и меѓуетнички тензии и конфликти во нашата земја. Со овие изјави се виде дека истите биле против договорот од Преспа, против било каков договор во корист на државата, затоа и не сакале да го затворат 10-годишниот спор со нашиот сосед Р. Грција. Кризата, агресијата и војната имаат само едно име, една адреса, а тоа е Русија. Русија со своите елементи поттикна протести и конфликтни ситуации кај нас, рече Груби.
-Безбедносната криза, енергетската криза, ценовната криза, инфлацијата има само едно име Русија и нивната воена агресија врз Украина и последната војна во Европа после Втората светска војна од тие размери. Имаше протести против договорот за добрососедство со Бугарија кои беа поттикнати од руски елементи во нашето општеството. Можеби сите ќе помислите дека претерувам, но досега не испаднало нешто погрешно од тоа што сме рекле, додаде Агелер.
Фото: Фејсбук/ Амир Јахија